Мурињо го избрка Ренато Санчез

Мурињо го избрка Ренато Санчез

пред 9 месеци

Ренато Санчез повеќе не е во плановите на Жозе Мурињо и оваа зима ќе се врати во Пари Сен Жермен.

Португалецот веќе некое време е во немилост на својот сонародник, а неодамна дури и го внесе во игра па го извади, па јасно беше дека повеќе не смета на него.

Ренато Санчез не може да го разбере и прифати фактот дека штотуку е отстранет од тимот, но свесен е дека заминувањето од Рим е најдоброто решение за него.

Јасно му е дека враќањето во Париз не е најдобрата опција, па сигурно е дека ПСЖ ќе бара нов клуб за него.

Санчез оваа сезона одигра девет натпревари во Рома, но на теренот мина само 228 минути.

Тој во ПСЖ пристигна од Лил во летото 2022 година за 15 милиони евра.

Share
Scroll to Top