Артета бара пари за тројца нови играчи

Артета бара пари за тројца нови играчи

пред 9 месеци

Арсенал планира да потроши уште пари во обид да направи тим што ќе ја освои Премиер игата и ќе се вмеша за титулата во Лигата на шампионите.

И покрај тоа што во летнитот преоден рок Микел Артета потроши речи 300 милиони евра, побарал уште пари од клупските челници за тројца нови играчи.

Новинарите на Атлетик го открија имињата на фудбалерите за кои е заинтересиран.

Прв на листата е дефанзивецот на Ајакс, младиот Жорел Хато кој има 17 години. Освен што игра како стопер, може да игра и како лев бек.

Втор на списокот е играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. За овој фудбалер интерес покажуваа Барселона и Баерн Минхен, а откупната калузула во неговиот договор изнесува 60 милиони евра.

Последен на листата е крилниот напаѓач на Вулверхемптон, 23-годишниот Педро Нето.

Моментално е повреден, но е многу блиску до враќање на терените, а Артета во него гледа играч кого ќе може да го ротира со Букајо Сака и Габриел Мартинели.

Share
Scroll to Top