Американец шест дена бил заробен во згмечено возило, го пронашле рибари

Американец шест дена бил заробен во згмечено возило, го пронашле рибари

пред 11 месеци

Возач во американската сојузна држава Индијана шест дена по несреќата останал заробен во својот камион, а случајно го пронашле двајца рибари.

Двајца рибари, Марио Гарсија и Нивардо Де Ла Торе барале соодветно место за риболов, кога го нашле 27-годишниот Метју Реум, соопшти полицијата. Неговиот камион излетал од патот на 20 декември.

На Реум му беше ампутирана едната нога во болница и сега е на интензивна нега, објави неговиот синдикат. Гарсија видел дека комбето е уништено и воздушното перниче се движи. Доаѓајќи се поблиску го најде Реум кој беше свесен. Тој рече дека бил заробен и закачен на неговото седиште под мостот.

„Се обидел да вика и да вреска, но никој не го слушнал“, се сеќава Гарсија што му рекол Реум. „Беше прилично тивко, се слушаше само звукот на вода што тече“, додаде тој.

Полицијата вели дека двајцата мажи најверојатно му го спасиле животот. „Да не беа двете лица кои попладнево одеа кон реката, овој инцидент веројатно ќе имаше поинаков исход“, рече началникот на полицијата на државата Индијана.

Рибарите изјавиле дека им било многу драго што наишле на човекот и успеале да му го спасат животот.

„Вечерва беше студено и не верувам дека ќе ја преживеел ноќта“, изјави началникот на полицијата.

Гарсија додаде дека Реум му кажал дека бил таму долго време и дека речиси изгубил секаква надеж бидејќи немало никој.

Текстот Американец шест дена бил заробен во згмечено возило, го пронашле рибари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top