Руски патнички авион со 34 луѓе наместо на пистата слета на замрзната река на далечниот исток на Русија поради грешка на пилотот. Авионот од советската ера „Антонов Ан-24“ на „Полар ерлејнс“ слета утрово на замрзнатата река Колима во близина на аеродромот Зирјанка. За среќа, никој од патниците не е повреден, пишува „Би-Би-Си“.
This Russian passenger plane landed on a frozen river by mistake❄️ pic.twitter.com/ojlRdEGrGo
— DW News (@dwnews) December 28, 2023
Според прелиминарната истрага, се работи за грешка на пилотот, соопштија обвинителите. Во авионот имало триесет патници и четворица членови на екипажот. Летот PI217 полетал од Јакутск рано утринава и патувал за Зирјанка, оддалечен 1100 километри. Видеото од еден од патниците го прикажува авионот среде замрзнатата река Колима во источен Сибир.
Температурите во Зирјанка во овој период од годината може да се спуштат и до -40 степени Целзиусови.
Текстот (Видео) Пилотот на руски авион по грешка слетал врз замрзната река, во него имало 30 патници е превземен од МАКФАКС.