Судии одат на увид со возила на странки, недолично е, вели Весна Дамева

Лога ја поздрави одлуката на Управниот суд за Дамева

пред 1 година

Министерот за правда, Кренар Лога, ја поздравува одлуката на Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на Весна Дамева од претседател на Судскиот совет како незаконска, со што Дамева се враќа на претседателското место во Судскиот совет.

„Со ова се потврдуваат сите наводи на министерот, кои во изминатиот период ги имаше за работењето и постапувањето на Судскиот совет, со што се докажува дека на оваа институција ѝ се неопходни реформи.

Одлуката на Управниот суд влева надеж за враќање на довербата во институциите и почитување на принципот на владеење на правото“, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Текстот Лога ја поздрави одлуката на Управниот суд за Дамева е превземен од МАКФАКС.