Пехчевски ќе го чека лекот „трикафта“ со семејството, по половина месец поминат в болница

Пехчевски ќе го чека лекот „трикафта“ со семејството, по половина месец поминат в болница

пред 1 година

Неколкумина пациенти со цистична фиброза минатата недела ги почнаа последните подготовки и прегледи неопходни за да почнат да ја примаат терапијата со лекот „трикафта“. Директорката на ЈЗУ Клиника за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ, рече дека почнала реализацијата на планот по кој на секои десет дена по седуммина нови пациенти ќе ја добиваат терапијата. Меѓу нив е и Игор Пехчевски кој цела година води битка секој пациент со цистична фиброза да го добие лекот што живот значи.

По последната хоспитализација на Детската клиника во Скопје, Пехчевски полн со надеж се врати во родното Берово со семејството да ја пречека Новата година. Неговата новогодишна желба е само една – лек да има за сите.

Текстот Пехчевски ќе го чека лекот „трикафта“ со семејството, по половина месец поминат в болница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top