Силен земјотрес ја погоди територијата на Босна и Херцеговина, почувствуван во многу градови

Силен земјотрес ја погоди територијата на Босна и Херцеговина, почувствуван во многу градови

пред 2 години

Територијата на Босна и Херцеговина вечерва беше погодена од силен земјотрес, кој беше почувствуван во повеќе градови. Според сведоштвата на граѓаните е почувствуван посериозен потрес, објавија босанските медиуми.

Тресењето на земјата го почувствуваа и граѓаните на Сараево, но и Зеница, Купрес, Тузла, Градачац и многу други градови.

Според првите информации од веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.

Исто така, според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Зеница на длабочина од осум километри.

Текстот Силен земјотрес ја погоди територијата на Босна и Херцеговина, почувствуван во многу градови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top