Доколку сакате да го контролирате вашиот апетит и да ја намалите потребата за прејадување, ви предлагаме да ги консумирате следните намирници.
Една мала студија, објавена во списанието Метаболизам во 2012 година, покажа дека ѓумбирот го намалува апетитот. Најдобро е да се консумира во вид на чај, односно да се пие чај направен од рендан корен од ѓумбир со додаток на сок од лимон.
Кафе
Според студиите објавени во Journal of Food Sciences and Nutrition во 2017 година, кофеинот влијае и на намалениот апетит. Потребно е да пиете кафе 30 минути до 4 часа пред планираниот оброк, но без додавање шеќер, млеко или шлаг.