Хамас и Исламскиот џихад одбиваат да ја предадат власта за трајно примирје

Американски сенатор бара да се блокира воената помош за Израел: Доста беше

пред 12 месеци

Американскиот сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот на Соединетите Американски Држави да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел, јавува Српската радио-телевизија.

Сандерс, исто така, ја осуди воената кампања на Израел во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“.

Тој во објавата на платформата „Икс“ изјави дека војната во Појасот Газа е предизвикана од „варварскиот напад“ на Хамас, но оцени дека одговорот на Израел е „крајно непропорционален, неморален и спротивен на меѓународното право“.

„Доста беше. Американските даночни обврзници повеќе не смеат да бидат соучесници во уништувањето на животите на невините мажи, жени и деца во Газа“, рече Сандерс, пишува РТС, повикувајќи се на „Тајмс оф Израел“.

Текстот Американски сенатор бара да се блокира воената помош за Израел: Доста беше е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top