Се прават обиди да се утврди причината за авионската несреќа во Јапонија во која загинаа 5 лица

Се прават обиди да се утврди причината за авионската несреќа во Јапонија во која загинаа 5 лица

пред 1 година

Еден ден по смртоносниот судир на јапонски патнички авион и авион на крајбрежната стража на аеродромот „Ханеда“ во Токио, властите почнаа истрага за несреќата.

Јапонскиот одбор за безбедност на транспортот (JTSB), владината агенција одговорна за големи несреќи во кои учествуваат авиони, бродови и возови, почна да ги истражува јагленисаните остатоци, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“.

Вчера, авион на „Јапонија ерлајнс“ при слетување се судри со авион на крајбрежната стража по што и двата се запалија.

Сите 379 патници на патничкиот „ербас А350“ успеале да побегнат од запалениот авион без поголеми повреди, но пет патници од Bombardier DHC8-300 загинале, а само пилотот преживеал, но со тешки повреди. Пожарот на „ербасот“ бил изгаснат само осум часа по падот.

Помалиот авион превезувал помош за преживеаните од серијата разорни земјотреси што ја погодија Јапонија на првиот ден од годината, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени. Загинаа 62 лица.

Текстот Се прават обиди да се утврди причината за авионската несреќа во Јапонија во која загинаа 5 лица е превземен од МАКФАКС.