(Видео) Пристигна „вистинската“ зима, во Шведска е забележана рекордна температура од -43,6 степени

(Видео) Пристигна „вистинската“ зима, во Шведска е забележана рекордна температура од -43,6 степени

пред 1 година

Вчера Шведска ја забележа најстудената јануарска ноќ во последните 25 години, со отчитување од -43,6 степени Целзиусови на северот на земјата.

Шведска е покриена со снег, а слична е ситуацијата и во соседна Финска.

Екстремно ниските температури, снегот и силните ветрови го попречија транспортот низ нордискиот регион, со затворени неколку мостови, а прекинати некои железнички и фериботски услуги. Неколку училишта во Скандинавија беа затворени.

Полицијата низ поголемиот дел од Данска ги повика возачите да избегнуваат непотребни патувања бидејќи ветерот и снегот ги погодуваат северните и западните делови на земјата.

Бран студен воздух од Сибир и арктичкиот регион ја зафати и западна Русија, а температурите во Москва и другите области паднаа на -30 степени Целзиусови, што е значително под просечната температура за почетокот на јануари.

Текстот (Видео) Пристигна „вистинската“ зима, во Шведска е забележана рекордна температура од -43,6 степени е превземен од МАКФАКС.