Синот со денови го малтретирал таткото инвалид во Италија: го заклучил во темна соба, не го пуштал да јаде

Taткото ја фрлил петгодишната ќерка од тераса па скокнал по неа: соседите во Венеција повикале полиција

пред 1 година

Маж од Венеција ја фрлил својата петгодишна ќерка од тераса на првиот кат, а потоа скокнал по неа во обид да се самоубие.

Според медиумите, мажот бил разделен од сопругата и во моментот на несреќата девојчето било со него за време на празниците.

Девојчето успеало да преживее, но се здобило со повреда на главата и со хеликоптер е пренесено во болница.

Таткото на девојчето не е повреден и исто така се наоѓа во болница каде го обезбедуваат карабинери.

Тој е обвинет за убиство во обид и моментално е под лекарски надзор.

Соседите велат дека таа вечер слушнале силен тресок.

„Се шеташе низ дворот и изговараше несоодветни реченици, како да не беше свесен за себе. Изгледаше неповреден по падот“, рекол еден од соседите.

Соседот кој ја видел несреќата веднаш повикал полиција која дошла на местото на настанот.

Текстот Taткото ја фрлил петгодишната ќерка од тераса па скокнал по неа: соседите во Венеција повикале полиција е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top