(Видео) Прозорец на авион падна за време на лет во Орегон, имало 170 патници

(Видео) Прозорец на авион падна за време на лет во Орегон, имало 170 патници

пред 3 години

Авион на Алјаска ерлајнс принудно слета синоќа во Портланд, Орегон, откако персоналот пријавил проблем со притисокот во авионот.

Според Си-Ен-Ен, тоа го изјавиле официјалните лица, додека еден од патниците рекол дека прозорецот на авионот паднал за време на летот. Во авионот имало 171 патник и шест членови на екипажот.

Авионот бил во воздухот околу 20 минути по полетувањето од меѓународниот аеродром Портланд и потоа се вратил на пистата.

Кајл Ринкер, еден од патниците на тој лет, објасни за Си-Ен-Ен дека прозорецот паднал од авионот веднаш по полетувањето.

„Тоа се случи одеднаш. Штотуку стекнавме височина кога издувна прозорецот/ѕидот и тоа не беше забележано додека не се симнаа маските за кислород“, рече Ринкер.

Американските авијациски власти објавија дека станува збор за авион „Боинг 737 Макс 9“, кој доби дозвола за летови на 25 октомври минатата година и дека е покрената истрага за овој инцидент.

Текстот (Видео) Прозорец на авион падна за време на лет во Орегон, имало 170 патници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top