Австралија опен нема право да го именува стадионот по Ѓоковиќ

Австралија опен нема право да го именува стадионот по Ѓоковиќ

пред 11 месеци

На почетокот на 2022 година, кога австралиските власти го депортираа Новак Ѓоковиќ од земјата, се појави измислена вест дека тоа се прави за да се спречи стадионот во Мелбурн да го носи неговото име. Наводно, постои правило според кое играчот што ќе го освои десет пати ја добива таа чест.

Ноле победи пред една година и ја осови десеттата титула на Австралија опен. И покрај победата арената во Мелбурн продолжи да го носи името на најголемиот австралиски тенисер Род Лејвер.

Крег Тајли, директор на Австралија опен, објасни зошто тоа теоретски не е возможно да се премиенува арената.

„За разлика од другите три гренд слема, ние не го поседуваме објектот. Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-ес опен, односно федерациите на овие земји ги поседуваат стадионите, а ние го изнајмуваме. Затоа немаме право да го смениме името. Тој е во сопственост на државата Викторија во која се наоѓа Мелбурн. Целиот објект го изнајмуваме од нив и многу сме задоволни што вложуваат пари во реновирање“, рече Тајли, кој не крие дека би поддржал промена на името на арената во Мелбурн.

„Сигурно е дека би го поддржал тоа, бидејќи Новак во Австралија оствари неверојатни успеси. Но, за да се случи тоа, треба да се вклопат многу работи.“

Колку многу Австралија опен се разликува од другите три гренд слема, се гледа од следниот факт.

Само во Австралија турнирот склучува договор со стадионот и само во оваа земја периодично се носи одлука дали турнирот ќе остане таму каде што е. На пример, Сиднеј постојано инсистира да му ја вратат организацијата на грен слемот. Во овој град Австралија опен се одржал 17 пати. Домаќини на првиот грен слем во сезоната, во минатото биле и Аделаида, Бризбејн и Перт, па дури турнирот се одржувал и на Нов Зеланд. Не е тајна дека Кина е заинтересирана да му го одземе овој турнир на Мелбурн, иако тоа не е реално.

Share
Scroll to Top