Го продаде клубот и ги почести вработените со 35 милиони долари

Го продаде клубот и ги почести вработените со 35 милиони долари

пред 11 месеци

Марк Кјубан, кој неодамна продаде мнозински удел во НБА франшизата Далас Маверикс, ги изненади вработените во клубот минатиот петок кога ги информираше дека ќе им подели повеќе од 35 милиони долари во бонуси. Да потсетиме, купувач на Маверикс е долгогодишната политичка активистка, Израелката Миријам Аделсон.

Кубан имаше мнозински удел во Маверикс од јануари 2000 година, кога ја купи франшизата за 285 милиони долари. Во 2011 година, Маверикс ја освоија својата единствена титула во НБА.

На крајот на минатата година, Управниот одбор на НБА одобри продажба на контролниот пакет акции во Далас Маверикс на семејствата на Др. Миријам Аделсон и Сиван и Патрик Думонт. Мнозинскиот удел на семејството Аделсон се проценува на 3,5 милијарди долари.

Форбс, исто така, ја оцени Миријам Аделсон (78) како петта најбогата жена во светот, со богатството од 32,3 милијарди долари. Таа е вдовица на казино магнат Шелдон Аделсон. Аделсон е третата жена која моментално е главен сопственик на НБА франшиза, останатите две се Џини Бас од Лос Анџелес Лејкерс и Гејл Бенсон од Њу Орлеанс Пеликанс.

Во интерен меморандум, Кубан им порача на вработените:

„Како благодарност за сета ваша напорна работа што ги прави Mавс неверојатна организација, секој од вас ќе добие бонус од мене, семејството Аделсон и семејството Думонт. Ќе ви платиме на сите приближно 35 милиони долари во бонуси. За да го пресметаме вашиот бонус, користевме рамка која зема предвид колку долго сте работеле за Mавс. Ќе го добиете вашиот бонус во многу блиска иднина“, се вели во меморандумот.

Share
Scroll to Top