Осуммина осомничени, ја загрозиле безбедноста на  воздушниот сообраќај на аеродромот во Скопје: четворица се уапсени, по четворица се трага

Владата препорача разрешување на Хамиди и Стаменковски, на нивно место доаѓаат Мемеди и Кораќ

пред 3 години

На седницата која е во тек Владата заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да ги разреши двајцата од тројцата извршни директори и на нивно место да назначи нови.

Од должноста членови на Управниот одбор ќе бидат отповикани Фахрудин Хамиди, кој е и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор.

На местото на Фахрудин Хамиди доаѓа Илир Мемеди, а на местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.

Третиот директор нема да се менува и на таа позиција останува Хасим Деари.

Објаснувањето е дека Деари бил неодамна назначен на оваа позиција и дека не бил дел од проблемот во М-НАВ.

Текстот Владата препорача разрешување на Хамиди и Стаменковски, на нивно место доаѓаат Мемеди и Кораќ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top