Министерот Лога бара Судскиот совет да ја изземе судијката Ѓоргиева од Комисијата на известители

Владата ги разреши државните правобранители во Струга и Скопје поради несовесно работење

пред 3 години

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница на Владата се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител, објави Министерството за правда.

Текстот Владата ги разреши државните правобранители во Струга и Скопје поради несовесно работење е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top