Канга треба повторно да докаже дека не е Кијаку-Кијаку Кијанга

Канга треба повторно да докаже дека не е Кијаку-Кијаку Кијанга

пред 11 месеци

Гелор Канга повторно е тема на реномираните спортски медиуми. Според португалски „Рекорд“, со потврда на шпанска „Марка“, играчот од средниот ред на Црвена звезда повторно ќе треба да ги докажува идентитетот и годината на раѓање пред челниците на Африканската фудбалска конфедерација.

Наведувајќи дека интернационалецот од Габон бил повикан да објасни како е роден четири години по смртта на неговата мајка, „Рекорд“ наведе дека Канга е должен да се појави пред комисијата и да ја разјасни својата улога во целата збрка.

Исто така, се наведува дека Фудбалскиот сокуз на Габон може да биде санкциониран поради фалсификување документи и непочитување на правилата за регистрација на играчи. Доколку вината биде докажана Габон нема да учестува на Купот на Африка во 2025 и 2027 година.

Габон не успеа да се квалификува за овогодинешниот африкански куп на нации кој започнува во Брегот на Слоновата Коска, а целосниот метеж настана во квалификациите за претходниот континентален шампионат.

ДР Конго го обвини Габон дека игра против нив со играч кој всушност е од Конго.

Конгоанците објавија документи во кои се наведува дека Канга наводно е роден во 1985 година во Киншаса и дека неговото име е Кијаку-Кијаку Кијанга, а не во 1990 година, како што е наведено во официјалните книги. Тие побараа строги санкции против Габон и таа селекција да биде исфрлена од Африканскиот куп на нации.

Share
Scroll to Top