Силен земјотрес го погоди Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

пред 3 години

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Хиндукуш во источен Авганистан, јавува „Ројтерс“.

ЕМСЦ на „Твитер“ објави дека земјотресот се случил на длабочина од 200 километри, а сведоците јавуваат дека траел долго, речиси една минута.

Засега нема информации за човечки жртви или материјална штета.

Текстот Силен земјотрес го погоди Авганистан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top