Фудбалерите на Осасуна незадоволни го напуштија Ријад, каде се игра Ф4 турнирот во Суперкупот на Шпанија. Од таборот на клубот од Папмплона се со став дека биле брутално ограбени во дуелот со Барселона.
Барселона, синоќа, ја победи Осасуна со 2:0, со головите на Левандовски во 59. и Јамал во 93.минута.
За играчите на Осасуна спорен е првиот гол, убедени се дека му претходеше фаул од Кристенсен врз Арнаиз.
„Видовте се. Видовте колку вакви ситуации и фаули се судеа во корист на Барселона, особено во првото полувреме. Сè е јасно. Случајно или не, секогаш истиот тим профитира. Требаше да го напуштиме теренот. Суперкупот постои за да играат Реал и Барселона, ние останатите сме тука за да ја пополниме бројката“, изјави дефанзивецот на Осасуна и шпански репрезентативец, Давид Гарсија.
Барселона во недела од 20 часот за пехарот ќе игра против Реал Мадрид.