Рафаел Надал се најде на удар на западната јавност затоа што беше назначен за амбасадор на Тениската федерација на Саудиска Арабија.
Во последниве години, Саудиска Арабија инвестира огромни суми пари за да донесе големи спортски настани на својата територија.
Покрај милионите фудбалски трансфери кои беа „увертира“ за да биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, Саудиска Арабија беше домаќин на најдобрите боксери во светот „Ел Класико“, даде 500 милиони на голферот Џон Рам, а сега планира да организира големи тениски турнири.
Сепак, Надал, како и многу други светски ѕвезди, беше критикуван од јавноста дека се согласил да ја промовира Саудиска Арабија бидејќи генералниот став е дека ова кралство се обидува преку спортот да ја подобри својата репутација на земја која ги крши човековите права.
А Шпанецот е особено на удар затоа што многумина се прашуваат дали навистина му требаат пари за да промовира таква земја со оглед на тоа што во текот на кариерата само од турнири заработил околу 134 милиони евра.
„Ова е неверојатно разочарувачки од Рафа. Непростливо. Ако го добијат и Роџер (Федерер), јас завршив“, објави новинарот Ник Мекмахон.
Многу други поединци исто така изразија разочарување од одлуката на Надал, па дури посочија колку е опасно ѕвезди како него да „паѓаат“ на саудиските пари.
Улогата на Надал како амбасадор вклучува „посветување време на кралството секоја година“ за да придонесе за растот на спортот и развојот на новата „Академија Рафаел Надал“.
Growth and progress that’s important to see and the STF is working on that.
In a recent visit I saw the interest in both aspects and I want to be part of that role of growing the sport of tennis around the world.
The kids are looking to the future and I saw they are passionate… pic.twitter.com/vF3VaJXazH— Rafa Nadal (@RafaelNadal) January 15, 2024
„Каде и да погледнете во Саудиска Арабија, можете да видите раст и напредок и возбуден сум што ќе бидам дел од него. Ќе продолжам да играм тенис, ја сакам играта. Но, освен што играм, сакам да му помогнам на спортот да расте ширум светот, а во Арабија гледам реален потенцијал“, изјави 37-годишниот Надал, вториот тенисер во историјата по бројот на освоени Грен слем турнири (22), зад Новак Ѓоковиќ (24).
Саудијците го промовираа Надал како амбасадор откако беа домаќини на првото од следните пет финалиња на АТП Next-Gen во Џеда во декември, а годината ја затворија со егзибициски дуел меѓу Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Јасно е дека Саудиска Арабија има намера во блиска иднина да биде домаќин на еден од најголемите тениски турнири, а дури се шпекулира и за Мастерс серијата.
„Тоа не би ме шокирало. Дозволете ми да објаснам вака: се е до парите. Но не, не би го направил тоа. Колку би ми понудиле? Кога ќе размислам, можеби ќе го направам тоа“, се пошегува седумкратниот Грен слем шампион Џон Мекинро пред Австралија Опен.