(Видео) Пратеничка од Нов Зеланд снимена додека крадела облека, поднесе оставка

(Видео) Пратеничка од Нов Зеланд снимена додека крадела облека, поднесе оставка

пред 12 месеци

Пратеничка од Нов Зеланд поднесе оставка по повеќе обвинувања за кражба во продавница. Голриз Гахраман од Партијата на зелените, наводно три пати крадела од две продавници за облека. Поранешната адвокатка на ОН за човекови права влезе во историјата во 2017 година како прв бегалец во владата на Нов Зеланд. Рекла дека поради стрес почнала да се однесува „чудно“.

„Изневерив многу луѓе и многу ми е жал“, додаде таа.

Гахраман побегнала од Иран со своето семејство како дете и добила политички азил во Нов Зеланд.

Таа денеска поднесе оставка откако на социјалните мрежи се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа како зема дизајнерска чанта од бутик во Окленд, јавува Би-би-си.

Текстот (Видео) Пратеничка од Нов Зеланд снимена додека крадела облека, поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.