Инфлуенсерка почина на 36 години: зад себе остави сопруг и четири деца

Инфлуенсерка почина на 36 години: зад себе остави сопруг и четири деца

пред 11 месеци

Американската инфлуенсерка Мила де Хесус почина на 36-годишна возраст. Според „Њујорк Пост“, најверојатната причина за смртта е срцев удар.

Мила де Хесус се прослави откако пред шест години направи операција за слабеење, по што доживеа целосна трансформација во изгледот. Таа почна јавно да зборува за своето искуство и да споделува фотографии пред и по операцијата, а на Инстаграм има над 59.000 следбеници.

Таа е родена во Бразил, но живеела во Бостон. Пред само четири месеци се омажи за Џорџ Ковшик, а зад себе остави четири деца од претходниот брак.

Мила во јули објави дека боледува од псоријаза, кожна болест која предизвикува осип, а болеста зафатила 80 отсто од нејзиното тело. За ова зборуваше и јавно и даде детали за нејзината борба.

„Јас, Ана Клара, ја објавувам оваа тажна објава. Со голема тага ја примивме веста за смртта на нашата мајка. Ги цениме сите молитви и пораки со сочувство што ги добиваме. Продолжете да се молите за нас, благодарам“, напиша таа на официјалните профили на нејзината мајка.

Share
Scroll to Top