Северна Кореја јавно осуди двајца тинејџери на 12 години тешка работа за гледање јужнокорејски серии забранети во земјата, тврди Би-би-си на корејски јазик повикувајќи се на снимки од истражувачкиот институт САНД.
На видеото, за кое се верува дека е направено во 2022 година, се гледаат двајца 16-годишници врзани со лисици пред стотици студенти на стадионот на отворено, како и униформирани полицајци, кои ги караат тинејџерите затоа што „не размислувале длабоко за нивните грешки“.
Обезбеденото видео наводно било дистрибуирано во Северна Кореја со цел идеолошко образование и предупредување граѓаните да не гледаат „декадентна содржина“, а вклучува и наратор, кој повторува државна пропаганда.
Како што пишува Би-би-си, полицијата ги именувала и тинејџерите и ги открила нивните адреси.
Текстот Тинејџери во Северна Кореја гледале забранета серија, осудени на 12 години тешка работа е превземен од МАКФАКС.