Од 19:30 часот, поради сообраќајна незгода, сообраќајот на регионалниот пат село Костурино-Валандово е во прекин за сите видови возила, извести АМСМ.
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Текстот Несреќа на регионалниот пат село Костурино-Валандово, сообраќајот во прекин е превземен од МАКФАКС.