Клоп за Ериксон: Нека дојде да ја работи мојата работа на еден ден

Клоп за Ериксон: Нека дојде да ја работи мојата работа на еден ден

пред 8 месеци

Славниот шведскиот тренер Свен-Горан Ериксон (75) за шведските медиуми откри дека се бори со малигна болест и дека му останува уште една година живот, можеби и помалку. Таа информација, како и тајната на Ериксон дека жали што никогаш не бил тренер на тимот на Ливерпул стигна до Јирген Клоп.

Ериксон зад себе има богата тренерска кариера која ја започна во 1977 година на клупата на шведски Дегерфорс. Потоа ги водеше ИФК Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Англија, Манчестер сити, Мексико, Брегот на Слоновата коска, Лестер сити, Гуангжу Р&Ф, Шангај СИПГ, Шенжен и Филипини.

Во кариерата освои бројни трофеи. Со Гетеборг сензационално го освои Купот на УЕФА во 1982 година, а со Бенфика три пати беше шампион на Португалија. Го освои Купот на Италија со Рома, како и со Сампдорија, а со Лацио беше шампион на Италија во 2000 година, двапати освојувач на Купот на Италија и еднаш на Купот на победниците на куповите. Работел во десет различни земји, но не и во Ливерпул.

Навивачите на Ливерпул побараа од клубот да му дозволи на Ериксон да го води тимот на Ливерпул против легендите на Ајакс во вторник на хуманитарен натпревар а Клоп сега отиде чекор понатаму.

„Неодамна дознав дека цел живот е голем навивач на Ливерпул, а слушнав и за идејата да ги води легендите на Ливерпул. Не можам да влијаам на тоа“, изјави Клоп и додаде:

„Сè што можам да кажам е дека тој е апсолутно добредојден овде и ќе ја преземе мојата работа на еден ден ако сака. Нема проблем. Нека седи во канцеларијата на моето биро, ќе му покажеме како се развивал клубот низ годините. Само нека дојде овде, ќе помине неколку убави часови. Сигурен сум во тоа“.

Share
Scroll to Top