Унгарскиот премиер Виктор Орбан на „Икс“ објави дека му рекол на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во телефонски разговор дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО.
„Потврдив дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО“, објави Орбан.
Just finished a phone call with @NATO Secretary General @jensstoltenberg. I reaffirmed that the Hungarian government supports the NATO-membership of #Sweden. I also stressed that we will continue to urge the Hungarian National Assembly to vote in favor of Sweden’s accession and…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 24, 2024
Унгарскиот премиер додаде дека му рекол на Столтенберг оти ќе продолжи да го повикува унгарскиот парламент да гласа за влез на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можност.
Столтенберг по повикот рече дека Орбан и неговата влада јасно го поддржуваат членството на Шведска во НАТО.
„Со нетрпение очекувам да се ратификува веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, објави Столтенберг на „Икс“.
Турскиот парламент во вторникот го одобри членството на Шведска во НАТО оставајќи ја Унгарија како единствена членка која сè уште не го ратификувала приемот на Шведска во НАТО.
Текстот Орбан: Му кажав на Столтенберг дека го поддржувам влезот на Шведска во НАТО е превземен од МАКФАКС.