Сабаленка ќе се бори за втората титула на АО

Сабаленка ќе се бори за втората титула на АО

пред 12 месеци

Арина Сабаленка ќе ја браби титулата на Австралија опен. Тенисерката од Белорусија, во полуфиналето ја победи Коко Гоф. Со овој триум Сабаленка и се реваншира на Американката за поразот во финалето на ју-ес опен минатата есен.

Сабаленка се уште нема загубено сет на турнирот. Во полуфиналето против Гоф победи со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 44 минути.

Вистински ролеркостер беше првиот сет, во кој двете тенисерки три пати направија брејк и двете имаа сервис за предност од 1:0 во сетови.

На крајот се играше тај-брејк, во кон Сабаленка апсолутно доминираше и го доби со 7:2.

Целосно различен беше вториот сет. Двете тенисерки беа исклучително сигурни во своите сервис гемови. Клучен беше деветтиот кога Сабаленка успеа да и го одземе сервисот на противничката, а потоа без поголеми проблеми на својот сервис го заврши мечот.

Противничка на Сабаленка во мечот за титулата ќе биде победничката од второто полуфинале во кое ќе играат Јастремска и Џенг.