Балерина од Англија почина кога изеде колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки

Балерина од Англија почина кога изеде колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки

пред 2 години

Балерина од Ланкашир, Англија, почина во САД кога изела колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки, пишува „Скај њуз“.

25-годишната Орла Баксендејл почина од тежок анафилактичен шок по алергиска реакција на бисквит од ванила од американскиот супермаркет Stew Leonard’s.

Баксендејл се преселила во Њујорк во 2018 година за да продолжи со кариерата како балерина, а колачето го изела на собир во Конектикат.

Во колачето имало кикиритки, на кои девојката била алергична.

Речиси 500 пакувања колачиња, кои беа продадени меѓу 6 ноември и 31 декември, сега се отповикани по наредба на Управата за храна и лекови на САД.

Stew Leonard Jr, претседател и извршен директор на трговецот на мало, изјави дека нивниот доставувач, „Кукис јунајтед“, го променил составот на колачињата, т.е. дека ги замениле оревите од соја со кикиритки, без да го известат супермаркетот.

Текстот Балерина од Англија почина кога изеде колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top