Пабло Ласо го критикува густиот распоред во европската кошарка

Пабло Ласо го критикува густиот распоред во европската кошарка

пред 9 месеци

Тренерот на Баерн Минхен, Пабло Ласо, упати жестоки критики густиот распоред во европската кошарка.

За него е неприфатливо екипите од Евролигата да играат речиси 100 натпревари во една сезона.

„Јас не сум некој што може да гледа во иднината, но мораме да ги заштитиме играчите. Не можеме да ги принудиме играчите да играат 100 натпревари годишно. Кога бев во Мадрид, па и сега, имам играчи кои играат по 100 натпревари во една сезона, а тоа е глупаво затоа што не и помага на играта“, вели Ласо и додава:

„На крајот ги убиваме нашите „актери“. Разбирам дека ова е бизнис и подготвен сум да ја поддржам идејата. Ако треба да одиме да играме во Дубаи, за да добиеме нов спонзор, ќе ја бранам таа идеја, но морам да ги бранам и нашите „актери“.“

Тој смета дека мора да се најде решение поради Европа и дека треба да се усогласат календарите на ФИБА, националните лиги и Евролигата.

„Мораме да работиме заедно бидејќи гледаме колку навивачите во Европа ги сакаат репрезентациите, домашните првенства и Евролигата. Мора да ја заштитиме нашата база на навивачи, но мора да ги заштитиме и играчите. Мора да го решиме во иднина бидејќи ќе биде подобро за кошарката“, заврши Ласо.

Share
Scroll to Top