Дефанзивниот играч за врска на Манчестер сити, Калвин Филипс (28), втроиот дел од сезоната ќе го одигра како позајмен во Вест Хем, објави лондонскиот клуб.
Филипс пред 18 месеци им се приклучи на „граѓаните“, кои за неговиот трансфер на Лидс му платија 50 милиони евра. Сепак не успеа да се снајде во системот на Пеп Гвариола и за Сити одигра само 31 натпревар. Оваа сезона ниту еднаш не започна натпревар во стартната постава.
„Го визуелизирам мојот тим и малку ми е тешко да го видам Филипс во него“, изјави Гвардиола кон средината на декември за статусот на својот фудбалер.
И покрај неговиот статус во Манчестер сити, англискиот селектор Герет Саутгејт редовно го повикуваше за сите натпревари на репрезентацијата.