ВМРО-ДПМНЕ: 5.5 милијарди за расипништво, криминал и корупција во 2024, затоа СДС одолговлекува избори колку може повеќе

„СДС може да стои добро само на анкети кои ги прави нивен поранешен министер како Тевдовски со Преспа институт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 12 месеци

„СДС може да стои добро само на анкети кои ги прави нивен поранешен министер како Тевдовски со Преспа институт. СДС губи и тоа го покажуваат сите меѓународни и домашни релевантни анкети. Свесни дека губат, нема со што да го залажуваат членството, па и беше потребна лажна анкета, кој би направил подобра лажна анкета од поранешен министер на СДС“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно никој не се нафатил да прави анкета во која СДС мора да има добри резултати, па таа улога му паднала на Драган Тевдовски.

На сите анкети ВМРО-ДПМНЕ има предност пред СДС во сооднос 2:1. Сите во СДС го знаат тоа, и затоа го нашле Тевдовски да им прави анкета на која би стоеле добро.

Тевдовски е министерот за финансии од СДС кој требаше да донесе живот и да ја реформира државата, по неговото владеење имаме само пустош.

Анкетата на Тевдовски е толку точна, колку што тој успеа да донесе живот и подобар економски стандард“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „СДС може да стои добро само на анкети кои ги прави нивен поранешен министер како Тевдовски со Преспа институт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.