Започна седницата за избор на техничка влада

Започна седницата за избор на техничка влада

пред 3 години

Собранието денеска ја почна 141. седница со единствена точка на дневниот ред избор на влада на Република Северна Македонија. Дневниот ред беше изгласан со 67 гласови „за“, без против и воздржан. Во салата имаше регистрирано 108 пратеници.

Талат Џафери, мандатарот на оваа преодна влада која се формира на сто дена пред изборите за пратеници на 8 мај, вчера ја достави програмата и Предлог-составот на новата влада. Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.

Собранието ја избира владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Преодната влада се избира на 100 дена пред изборите кои се закажани за 8 мај. Две недели претходно ќе се одржат претседателските избори. Мандатот на преодната Влада трае од изборот, па се до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници и изборот на новата политичка влада.

Текстот Започна седницата за избор на техничка влада е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top