Кој ќе го наследи Чави? Тројца кандидати за клупата на Барселона

Кој ќе го наследи Чави? Тројца кандидати за клупата на Барселона

пред 11 месеци

Чави Ернандез дефинитивно донесе одлука да ја напушти Барселона на крајот од сезоната. Како што истакна, по синоќешниот пораз од Виљареал (3:5), дури и да ја освои Лигата на шампионите неговиот мандат ќе заврши во јуни.

Неколку часа по објавата дека ќе ја напушти Барселона, медиумите во Шпанија започнаа да се занимаваат со темата околу неговиот наследник. Шпанските медиуми издвоија тројца кандидати.

Првиот е актуелниот стратег на Болоња, Тиаго Мота, кој има специфичен стил и кој е многу различен од она што е определба на Барселона.

Сепак, се нагласува дека тој би можел да започне нова ера на стадионот „Камп Ноу“.

„Кога ќе има вести за мојата иднина, ќе знаете. Јас сум исклучиво фокусиран на мојата сегашност, а тоа е Болоња“, рече Мота синоќа по ремито 2:2 со Милан.

Друго име на списокот е Рафаел Маркез, поранешниот стопер на Барселона, кој моментално го предводи Б тимот.

„Не можете да кажете „не“ на таква можност. Доколку добијам понуда, ќе се обидам да бидам достапен“, изјави Мексиканецот.

Третата опција е Луис Енрике, кој би можел да се врати доколку замине од Пари Сен Жермен, за што исто така се шпекулира.

Тој веќе работеше во Барса од 2014 до 2017 година, во ерата на Меси, Суарез и Нејмар.

За тоа време, секако, ги освои сите можни трофеи.

Share
Scroll to Top