Шпанскиот кошаркар Рики Рубио се враќа во Барселона, а неговото враќање во каталонскиот клуб ќе биде официјализирано во следните неколку часа.
Рубио ја објави оваа информација на Твитер.
— Ricky Rubio (@rickyrubio9) January 29, 2024
Рубио до неодамна имаше тригодишен договор вреден 18 милиони долари со Кливленд Кавалирс.
Во август 2023 година реши да паузира поради проблеми со менталното здравје, а на 4 јануари годинава и официјално излезе од договорните обврски кон Кавалирс.
Уште тогаш се појавија шпекулации дека е во преговори со клубот за кој настапуваше од 2009 до 2011 година.
Рубио кариерата ја започна во Хувентуд во 2005 година, а во Европа уште играше за Барселона.
После тоа, својата НБА кариера ја изгради во Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.
Тој ја освои Евролигата во 2010 година со Барса, Еврокупот во 2008 година со Хувентуд, а со каталонскиот клуб има и една титула шпански шампион во 2011 година, како и два Копа дел Реј.
Со репрезентацијата на Шпанија освои две европски злата и две бронзи, олимписко сребро и бронза, како и златен медал на Светското првенство во Кина во 2019 година, кога ја понесе МВП наградата.