Мегапопуларната ѕвезда Грејс Џонс ќе настапи на „Скопје колинг“

Мегапопуларната ѕвезда Грејс Џонс ќе настапи на „Скопје колинг“

пред 8 месеци

Музичката икона Грејс Џонс ова лето доаѓа во Македонија. Таа ќе и приреди на македонската публика 90-минутно спектакуларно шоу заедно со својата голема музичка придружба, на 6 јули во рамки на годинашното издание на музичкиот фестивал „Скопје колинг“, како што најави Авалон.

„Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети како Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња“, велат од Авалон.

Оттаму информираат дека сите информации околу влезниците ќе бидат објавени на нивните социјални мрежи.

-Драги наши, сите заедно ќе имаме можност, Grace Jones, заедно со нејзиниот многуброен бенд и спектакуларно 90 минутни show, да ја видиме овде, кај нас дома. И да ја вратиме Македонија таму каде што токму ние ја поставивме и многу љубоморно ја чуваме од 2001 година: на листата земји каде сепак се случува нешто убаво и по светски стандарди – во реалноста, а не само вербално и имагинарно, посочуваат од Авалон Продукција.

Share
Scroll to Top