„ДПМНЕ влезе во Владата со ДУИ. Се виде, се покажа Христијан Мицкоски, сè што кажа – излажа. Нели единствен услов му беше ДУИ да не биде дел од Владата? Нели велеше дека прифаќа сè, само Влада без ДУИ не прифаќа? Е па толку, пу, пу, не важи“, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
„ДПМНЕ седна во Владата со ДУИ. Министрите на ДПМНЕ му се поклонија на Талат Џафери.
Сега пишман аџијата Мицкоски нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови од ДПМНЕ, зошто ги лажеше? Зошто ја проблематизира техничката Влада?
Зошто ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа? Како сега одеднаш може во Владата со ДУИ?
Мицкоски едно зборува, друго прави. Нему не му се важни граѓаните, туку фотелјите, власта и ништо друго. На Христијан Мицкоски не може да му се верува“, соопшти Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Текстот (Видео) Костовски: ДПМНЕ влезе во Владата со ДУИ, Мицкоски сè што кажа – излажа е превземен од МАКФАКС.