Апликацијата „Тредс“, алтернативата на Мета за „Икс“, сега има 130 милиони месечни активни корисници, рече извршниот директор Марк Цукерберг додека ги презентираше резултатите од првиот квартал на матичната компанија на „Фејсбук“.
Тоа значи дека социјалната мрежа Threads доби околу 30 милиони нови корисници во рок од три месеци. Мета ја лансираше апликацијата во Европската унија во декември, пет месеци откако беше лансирана во други делови на светот.
Цукерберг отсекогаш велел дека „Тредс“ има потенцијал за повеќе од милијарда корисници. Тој нагласи дека сега се користи повеќе отколку за време на првичниот краткорочен налет кога беше лансиран минатото лето. „Тредс“ е сè уште мал во споредба со другите платформи на „Мета“.
„Фејсбук“ сега има 3,07 милијарди активни корисници месечно. Секој месец, 3,19 милиони корисници пристапуваат до барем една апликација „Мета“, која исто така ги поседува „Инстаграм“ и „Ватсап“. „Тредс“ е меѓусебно поврзан со „Инстаграм“ и затоа може да се базира на постоечките врски помеѓу стотици милиони корисници.