Али Ахмети: Без Албанците оваа земја нема ниту иднина, ниту постоење

Али Ахмети: Без Албанците оваа земја нема ниту иднина, ниту постоење

пред 11 месеци

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од техничкиот премиер, Талат Џафери, синоќа се сретна со граѓаните на Куманово. Тој одржа и свој говор во кој рече дека оваа држава ќе биде еднаква како сите европски држави.

„Без Албанците оваа земја нема ниту иднина, ниту постоење, а светот знае. И оваа држава ќе биде рамноправна како сите земји во Европа, ќе биде во Европа, и никогаш не сме кажале дека ќе се ангажираме и интегрираме сами, туку заедно со македонските сограѓани, силните македонски сограѓани се со нас денеска“, изјави Ахмети.

Текстот Али Ахмети: Без Албанците оваа земја нема ниту иднина, ниту постоење е превземен од МАКФАКС.