Треба да се избегне ескалација на судирот на Блискиот Исток и да не се дозволи ситуацијата да стане „експлозивна“, предупреди шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по синоќешните американски напади во Сирија и Ирак.
„Сите треба да се обидат да избегнат ситуацијата да стане експлозивна“, одговори Борел на прашањето за американските напади, пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Зборувајќи за ситуацијата во Газа, јужниот дел на Либан и ударите во Ирак и Сирија, Борел предупреди на ризикот од ескалација.
Блискиот Исток е жариште што може да експлодира. Затоа ги повикуваме сите да избегнуваат ескалација, рече Борел.
САД објавија дека „успешно“ извршиле одмазднички напади против елитните ирански сили и проиранските групи во Ирак и Сирија, а американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека нападите ќе продолжат.
Белата куќа повтори дека не сака војна со Иран, но оти ќе реагира во секое време и на секое место каде што ќе бидат загрозени американските сили и интереси.
Текстот Блискиот Исток е жариште што може да експлодира, кажа шефот на европската дипломатија Борел е превземен од МАКФАКС.