Лога и Таравари на различни страни: министерот за правда сака Алијанса за Албанците на изборите да оди самостојно

Лога и Таравари на различни страни: министерот за правда сака Алијанса за Албанците на изборите да оди самостојно

пред 3 години

Откако лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, се огласи генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога.

Тој вели дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап.

„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.

Претходно, Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција.

Текстот Лога и Таравари на различни страни: министерот за правда сака Алијанса за Албанците на изборите да оди самостојно е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top