(Видео) Се урна полициски хеликоптер во Турција, има мртви

(Видео) Се урна полициски хеликоптер во Турција, има мртви

пред 11 месеци

Хеликоптер на турската полиција се урна синоќа на југот на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Тој на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави дека загинале двајца полицајци, а еден е повреден.

Се наведува дека хеликоптерот полетал од аеродромот во Хатај во правец на Газиантеп, а контактот со леталото бил изгубен околу 11:30 часот по локално време.

Јерликаја изјави дека хеликоптерот паднал во близина на селото Картал во регионот Нурдаги кај Газиантеп.

– Повредениот член на екипажот, кој по професија е техничар, е префрлен во болница – изјави Фахретин Коџа, турскиот министер за здравство.

Текстот (Видео) Се урна полициски хеликоптер во Турција, има мртви е превземен од МАКФАКС.