(Вознемирувачко видео) Луѓето врескаат и бегаат во паника, објавени снимки од експлозиите во Иран, стотина загинати и повредени

Иран со остра осуда на нападите во Јемен

пред 2 години

Иран остро ги осуди нападите на Соединетите Држави и Велика Британија врз цели на Хутите во Јемен, јави ДПА.

-Ова уште еднаш беше кршење на територијалниот интегритет на Јемен и со тоа јасно кршење на меѓународно признатите закони и прописи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Коментарите дојдоа еден ден откако САД, Велика Британија и другите сојузници нападнаа вкупно 36 цели на 13 локации, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни системи и фрлачи, системи за противвоздушна одбрана и радарски уреди.

Хутите постојано гаѓаа трговски бродови на Црвеното Море од почетокот на војната во Газа меѓу Израел и милитантната палестинска организација Хамас во октомври.

Со оглед на зголемената опасност за бродовите долж клучниот трговски пат на Црвеното Море, многу компании сега го избегнуваат, иако тоа е најкратката врска меѓу Азија и Европа.

Наместо тоа, транспортерите одат по долга алтернативна рута, но тоа има значително влијание врз глобалната економија.

Текстот Иран со остра осуда на нападите во Јемен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top