ВМРО-ДПМНЕ: Што ќе рента Османи за 900.000 евра? Кога 175 мерцедеси С класа за два дена може да се изнајмат и под 200.000 евра, каде одат 700.000 евра

Османи утре во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан

пред 3 години

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија.

Tаму ќе учествува за министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан”.

Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија.

Текстот Османи утре во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top