Зеленски: Нема да се согласиме на прекин на огнот со Русија

Зеленски бара продолжување на вонредната состојба и на општата мобилизација на Украинците

пред 11 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски достави до украинскиот парламент предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, пишува киевски Индипендент.

Претседателот Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна инвазијата на Украина. Оттогаш мерката беше продолжена неколку пати.

Украинскиот парламент претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од ноември 2023 година на 14 февруари 2024 година, а прифаќањето на предлогот на Зеленски ќе ги продолжи мерките до 14 мај. Ова ќе биде десетто прогласување на вонредна состојба од страна на парламентот од почетокот на војната, а датумот на гласање се уште не е познат

Според вонредната состојба, украинските мажи на возраст меѓу 18 и 60 години (со некои исклучоци) не смеат да ја напуштат земјата.

Текстот Зеленски бара продолжување на вонредната состојба и на општата мобилизација на Украинците е превземен од МАКФАКС.