Лисандро пак се повреди, ќе паузира два месеци

Лисандро пак се повреди, ќе паузира два месеци

пред 8 месеци

Аргентинскиот фудбалер и дефанзивец на Манчестер jунајтед, Лисандро Мартинез ќе отсуствува од терените два месеци поради повреда, објавија аргентинските медиуми.

Мартинез го повреди коленото на неделниот првенствен натпревар против Вест Хем, а според медиумите ги истегнал колатералните лигаменти на коленото.

Натпреварот против Вест Хем беше четврти за него, откако се врати во тимот по долгата пауза исто така поради повреда.

„Катастрофа за него. Работеше многу напорно за да се врати и сега, по четири натпревари, изгледа дека треба повторно подолго да паузира“, изјави тренерот на Јунајтед, Ерик Тен Хаг.

Јунајтед моментално е на шестото место во Премиер лигата со 38 бодови, 13 помалку од првопласираниот Ливерпул.

Share
Scroll to Top