Принцот Вилијам презеде одредени должности од болниот Чарлс

Принцот Вилијам презеде одредени должности од болниот Чарлс

пред 9 месеци

Британскиот принц Вилијам би можел да преземе одредени јавни должности на кралот Чарлс Трети, кому му е дијагностициран рак, објавија британските медиуми.

Извештаите велат дека, сепак, се очекува кралот Чарлс да продолжи да се занимава со формални уставни прашања.

Агенцијата „Скај њуз“ посочува дека кралот ќе продолжи да се среќава со премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, а неделните средби ќе се одржуваат од далечина.

Не е познат датумот кога кралот Чарлс целосно ќе им се врати на своите јавни должности.

Бакингемската палата вчера објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак.

Текстот Принцот Вилијам презеде одредени должности од болниот Чарлс е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top