Според новиот закон, Казахстан би можел хируршки да кастрира педофили: „Тие не се луѓе“

Според новиот закон, Казахстан би можел хируршки да кастрира педофили: „Тие не се луѓе“

пред 11 месеци

Според новиот нацрт-закон, Казахстан би можел хируршки да ги кастрира најлошите сексуални престапници и педофили, пишува „Дејли Мејл“.

Ова се случува по жалбите на пратениците дека системот за хемиска кастрација, еден од најстрогите во светот, не ги одвраќа сексуалните престапници над деца.

Елнур Бејсенбаев, пратеник и генерален секретар на владејачката партија Аманат, рече дека владата досега им угодувала на педофилите затоа што не инсистирала на „хируршка кастрација“. „За жал, сексуалните злосторства врз децата се случуваат сè почесто“, рече тој, сугерирајќи дека хемиската кастрација, која го намалува машкото либидо со инјектирање антиандрогени лекови, не е ефикасна.

„Со ослободувањето на силувачот му дозволуваме да го повтори делото. Не предлагаме ова да се применува за сите педофили, но би сакале да им дадеме на судовите можност за хируршка кастрација“, рече тој.

„Ако нападот на педофилот е особено суров, верувам дека мора да се примени хируршка кастрација“, додаде тој.

Бројни случаи на педофилија го потресоа казахстанското општество, а последен беше случајот со петгодишното девојче кое 48-годишен маж го намами нудејќи ѝ сладолед. Потоа ја силувал и ја убил, а подоцна бил осуден на затвор и хемиска кастрација.

„Неодамна, околу 430 вакви злосторства се извршени врз нашите деца. Нашата влада ја покажува својата недоследност со тоа што не одобрува хируршка кастрација, како да ги кршиме правата на педофилите, бидејќи педофилите се луѓе“, рече тој.

„Верувам дека тие не се луѓе“, заклучи Бејзенбаев.

За законот допрва ќе се разговара, има загриженост за кршење на човековите права, но се верува дека барем делови од овој закон ќе се имплементираат.

Текстот Според новиот закон, Казахстан би можел хируршки да кастрира педофили: „Тие не се луѓе“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top