„Ме разрешија оти објавив фотографија од Изет Меџити, ДУИ се реваншира“, изјави вработен во средното музичко

„Ме разрешија оти објавив фотографија од Изет Меџити, ДУИ се реваншира“, изјави вработен во средното музичко

пред 11 месеци

„Јас сум Мустафа Имери, професор тенор и 15 години раководител на Катедрата на албански јазик во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“, поточно од нејзиното основање. До завчера. Затоа што семоќните владетели одлучија поинаку. Тие ме разрешија затоа што пред неколку дена на социјалните мрежи јавно поддржав поинакво мислење и беше објавена фотографија со еден од лидерите на Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити“, рече Имери.

„Тоа се 15 години неуморна работа, максимална професионална посветеност и едукација на децата од областа на уметноста. И каква порака е ова за професионалците во нашата земја и дали разбирате колку е низок овој удар и дали разбирате зошто секој ден уметниците и професионалците бегаат од Северна Македонија.

Овој феномен на реваншизам, заплашување, уцени и отпуштања за поинакво мислење не се случува само во „Илија Николовски-Луј“, туку тоа е реалност во сите институции на државата и со вакви притисоци секојдневно се соочуваат и административците во институциите и албанскиот бизнис, како и обичниот граѓанин.

Впрочем, оваа техничка Влада наопаку го почна овој 100-дневен период. Но, јас се чувствувам горд што во оваа битка меѓу неколку политичари во заминување и народот што бара промени јас сум на страната на народот.

Вие разрешувате, но народот се обединува, вие се реванширате, но народот се буди. Доброто во оваа лошотија е што на овој зулум му останаа само уште 90 дена. Ќе издржиме, 8 мај е нашиот ден. Зад параванот ние со нашиот глас ќе ја разрешиме оваа власт“, соопшти Мустафа Имери.

Текстот „Ме разрешија оти објавив фотографија од Изет Меџити, ДУИ се реваншира“, изјави вработен во средното музичко е превземен од МАКФАКС.