(Видео) „Гробари“ прво ги пцуеја кошаркарите потоа се степаа меѓу себе

(Видео) „Гробари“ прво ги пцуеја кошаркарите потоа се степаа меѓу себе

пред 9 месеци

Foto/ Screenshot: SportKlub

Неверојатниот домашен пораз на Партизан од Баерн (78:79) во 26. коло од Евролигата, со тројката на Франциско на една секунда до крајот, ги разбесни навивачите на црно-белите, познати во навивачкиот свет под името „Гробари“.

Партизан ја продолжи лошата серија, има пет порази во низа во сите натпреварувања, односно на последните седум натпревари има само една победа, против Жалгирис во Евролигата.

Полека сезоната во која се најавуваше атак на Фајна Фоур турнирот, за црно-белите се претвора во катастрофа, бидејќи во Евролигата со скор 12-14 се на 11. место.

„Телеграф“ пишува дека по натпреварот се случиле сцени незамисливи за Партизан откако Жељко Обрадовиќ се вратил во клубот пред четири години.

„Гробарите“, ги исвиркаа играчите, одбија да ги поздрават и ги повикаа на рапорт. Додека тие немо стоеја пред трибината, слушајќи ги свирежите и навредите, водачот на навивачите преку мегафон ги праша: „Чиј грб носите?!“

За тоа време припадниците на жандармеријата ги опколија играчите на Партизан и со штитови ги бранеа од навивачите.

Но, играчот на Партизан, Матеуш Понитка успеа да ја заобиколи полициската тампон зона. За малку ќе се пресметаше со навивач на Партизан со импресивен изглед. Имено, Понитка се упатил кон член на Гробар, кому целата глава му била истетовирана.

Кога играчите се упатија кон соблекувалната, дојде до конфликт меѓу навивачите на Партизан на трибините. Тие што ги критикуваа играчите се степаа со тие што ги бранеа. Немирите кои во еден момент излегоа од контрола и беа смирени со интервенција на жандармеријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sport Klub (@sport.klub)

Share
Scroll to Top